Македонија во енергетскиот сектор ќе инвестира околу 1,2 милијарди евра

Bez autora
Sep 04 2012

Македонија мора да се насочи кон редовно обезбедување јаглен за термоцентралите и кон обезбедувањето дополнителен извор на снабдување со природен гас. Користењето на обновливите извори на енергија и отворањето на рудниците исто така треба да се приоритет. Ова се препораките на академиците од МАНУ што ја подготвуваат Програмата за реализација на Стратегијата што Владата ја донесе во 2010 година. Професорот Константин Димитров од Машинскиот факултет смета дека претстојните пет години во кои, согласно проекцијата, треба да се вложат 1,2 милијарди евра, ќе бидат само подготовка за новите енергетски капацитети. Методолошки, цени Димитров, планот е добро подготвен, но останува да се види дали ќе се успее да се обезбедат потребните средства.

Македонија во енергетскиот сектор ќе инвестира околу 1,2 милијарди евраМакедонија мора да се насочи кон редовно обезбедување јаглен за термоцентралите и кон обезбедувањето дополнителен извор на снабдување со природен гас.

Користењето на обновливите извори на енергија и отворањето на рудниците исто така треба да се приоритет. Ова се препораките на академиците од МАНУ што ја подготвуваат Програмата за реализација на Стратегијата што Владата ја донесе во 2010 година.

Професорот Константин Димитров од Машинскиот факултет смета дека претстојните пет години во кои, согласно проекцијата, треба да се вложат 1,2 милијарди евра, ќе бидат само подготовка за новите енергетски капацитети. Методолошки, цени Димитров, планот е добро подготвен, но останува да се види дали ќе се успее да се обезбедат потребните средства.

- Ако имаме доволно пари, ќе вложиме веднаш во сите објекти и мерки предвидени со Програмата. Не очекуваат жешки и тешки години, но во енергетиката мора да се вложува. Добро би било Владата да ги заинтересира приватните инвеститори за концесии преку јавно приватно партнерство - нагласи Димитров.

Во таа насока, министерот за економија Ваљон Сараќини истакна дека во следните пет години Македонија во енергетскиот сектор треба да инвестира околу 1,2 милијарди евра за ревитализација на постоечките и изградба на нови енергетски објекти, за енергетско поврзување со земјите од регионот.

- Овие средства ќе бидат обезбедени од сопствени извори, од евентуално ново задолжување или преку моделот на јавно приватно партнерство - рече Сараќини.

Експертите порачуваат државата, во контекст на воспоставувањето стабилен енергетски сектор, да се фокусира пред се на искористувањето на домашните ресурси.

- Потрошувачката на енергија во следните пет години се очекува да порасне за три отсто. Оттука произлегува неопходноста од соработка на сите засегнати страни, надлежните институции и компаниите од енергетскиот сектор - рече Сараќини.

Стратешка определба на Владата, додаде тој, е да се овозможи намалување на потрошувачката на енергија за 9% во однос на просечната потрошувачка во периодот 2002-2006 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik